За организирано остварување на интересите на учениците во основното училиште од родителите, односно старателите на учениците се формира совет на родители на училиштето.
Во советот на родители има по еден претставник од секоја паралелка којшто го избираат родителите односно старателите, на родителскиот состанок на паралелката.
Првото свикување на советот на родители го врши директорот на училиштето.
Советот на родители: – дава мислење за предлогот на програмата за развој на основното училиште и за годишната програма за работа, – расправа за извештајот за работата на училиштето, – дава мислење и предлага мерки за подобрување на наставата и воннаставните активности, – разгледува жалби на родителите односно старателите во врска со воспитно- образовната работа, – учествува во самоевалуација на работата и постигањата на училиштето, – иницира и спроведува активности за подобрување на квалитетот на училиштето, – учествува во оценувањето на исполнетоста на стандардите за наставниците и стручните соработници за напредување во звањата ментор и советник, – избира претставници во училишниот одбор на основното училиште и – врши други работи утврдени со статутот на училиштето.
Членови на советот на родители се: