
Гоце Делчев
ОУ„Гоце Делчев“ Ресен, отпочнало да се гради во август 1953 год., а наставата за прв пат почнала на 10.09.1957 год. Под многу тешки услови, со недоизграден објект во кој сеуште имало градежни работи. Првиот наставнички совет се одржал на 11 септември 1957 год. во присуство на сите учители и наставници. Советот го отворил првиот директор на училиштето, Александар Цветковски, во присуство на 20 наставници.
Од почетокот на своето постоење до денес, постигнати се значајни резултати во воспитно-образовниор процес. Голем број ученици, во досегашното постоење на училиштето, зеле активно учество на бројни натпревари, на општинско, регионално и државно ниво, каде постигнале највисоки резултати со освоени прво, второ и трето место од повеќе наставни области. Таквите постигнувања продолжуваат и ден денес.
Денес во состав на ОУ„Гоце Делчев“ Ресен, работи централното училиште со 19 паралелки и две подрачни училишта во с.Избишта и с.Сопотско во комбинирани паралелки.
ОУ„Гоце Делчев“ Ресен во целиот период на своето постоење, активно соработува со локалната самоуправа, со основни и средни училишта во општината и надвор од неа, со цел за сеопфатен развој на училиштето, сега и во иднина.