Училиштето и сите кои се вклучени во воспитно-образовниот процес, веруваат и ги негуваат вредностите – мир , еднаквост и правда. Училиштето превзема активности зголемување на Меѓуетничката Интеграција во образованието преку воспоставување парнтерски однос со друго училиште на друг наставен јазик. Внесува новини преку проекти и користење современи форми на работа, користејќи ја современата технологија со современи и флексибилни наставни програми и содржини, се со цел за развој на училиштето, зголемување на соработката на учениците од различни етнички заедници и создавање на квалитетен кадар кој успешно ќе се носи со предизвиците на иднината.Етички се однесуваме не затоа што така ни налага законот, не затоа што некој тоа го очекува од нас, туку затоа што веруваме. Мото: „Училиштето е од чисти детски души кои пловат низ немирните води, носени од вредностите на просветителите, осветлени со знаења за светла иднина“.