Визија

Добро организирано училиште, кадровски стручно екипирано, добро опремено со нагледни средства и со пријатни услови за работа.
Фокусот ќе се стави на негување на слободата на мислење и говор. Да развиваме свест за правата и одговорностите и да не создаваме етички или било какви бариери, а особено не бариери врз основа на етничката припадност на учениците.

  • Да се запре насилството во училиштето ( ако постои) и особено да се обрати внимание на спречување на насилството на етничка основа
  • да се чувствува секое дете сигурно без разлика на неговата етничка припадност
  • да се почитува мислењето на родителот, а посредник да биде наставникот
  • да се гради соработка на наставниците, учениците и родителите од различни етнички групи преку воведување активности за Меѓуетничка интеграција во образованието.

Звезда водилка да ни биде силата на правдата, хуманоста и вистината за доброто на нашите ученици. Училиште во кое секој ученик, без разлика на неговата етничка припадност, ќе пронајде топла, безбедна и дисциплинирана средина